Home » , » Почина долгогодишниот сопственик на Л.А Лејкерси, Џери Бас

Почина долгогодишниот сопственик на Л.А Лејкерси, Џери Бас

Written By Anonymous on 18.2.13 | 22:40


jerry-buss
Џери Бас, сопственикот на Лејкерси од 1979. година, денес почина во 80. година по долгата борба со ракот.

Бас беше хоспитализиран и беше на третмани поради ракот, но непосреден извор вели дека причина а неговата смрт е т.н запушување на бубрегот.

Л.А Лејкерси под негово сопствеништво освоија 10 титули, и станаа една од највредните и најпопуларните франшизи во популарниот спорт. Во неговиот мандат играа играчи, легенди како Карим Абдул Џабар и Меџик Џонсон во ’80. години, во ерата позната како “Шоутајм“, поради што Лејкерси нудеа повеќе од самата кошарка, односно од самиот спорт. Големи заслуги за тоа му се препишуваа на Бас. Тимот предводен од двајцата големи асови, Коби Брајант и Шекил О’Нил, на почетокот на 2000-тите освоиа 3 титули по ред.

“Брендот на кошарката кој тој ја донесе во ерата на Шоу Тајмот, не влијаеше само на кошарката, туку и на целиот спорт. Тие вибрации ги осетив како 6 - годишно дете дури и во Италија“, 

вели Брајант кој порасна во Италија.

Двете деца на Бас се извршни претседатели на франпизата. Џени Бас управува со работата, а Џим Бус ги надгледува кошаркарските операции.

0 comments:

Post a Comment