Титулата за најдобар ја понесе Карим Абдул Џабар, тогашен Лев Алкиндор, од универзитетот на Калифорнија, Лос Анџелес (УЦЛА). Тој на овој универзитет им донесе три титули со просек од 25.7 поени и 18.8 натпревари на 6 “Фајнал Фор“ натпревари.
Мајкл Џордан е веројатно најдобар играч на сите времиња, но тој статус го стекна во НБА лигата, а не во колеџ, во кои не е ниту 50те најдобри.
Карем Абдул Џабар за тоа време (1966-1969) беше “див“ меѓу кошаркарите, а поради него челниците на НЦАА лигата го забранија забивањето во 1967. година. Мораше да се прилагоди, па го применуваше “хорог“ шутот.
Втор на оваа листа е Бил Волтон, а во првите пет се уште и Кристијан Лејтнер, Бил Расел и Меџик Џонсон. Во Топ 20 се играчи како Оскар Робертсон, Џери Вест, па Лери Брд, Хаким Олајџван и Глен Рајс.
Од активните играчи најдобро е позициониран Кармело Ентони (23), додека на 40. место се наоѓа Грент Хил, 59. е првиот пик од минатиот драфт Ентони Дејвис, Двејн Вејд е 65, Крис Вебер 73, Клајд Дрекслер од легендите е 74, а Мајк Биби 75.
На листата исто така се и Тајлер Хансброу, Емека Окафор, Стеф Кари, Кемба Вокер...
Да ја погледнеме листата:
1. Лев Алкиндор (Карим Абдул Џабар), УЦЛА
2. Бил Волтон, УЦЛА
3. Кристијан Лејтнер, Дјук
4. Бил Расел, Сан Франциско
5. Меџик Џонсон, Мичиган Стејт
6. Патрик Јуинг, Џорџтаун
7. Дени Менинг, Канзас
8. Џери Лукас, Охајо Стејт
9. Дејвид Томпсон, НЦ Стејт
10. Елвин Хејс, Хјустон
11. Оскар Робертсон, Синсаинати
12. Џери Вест, Западна Вирџинија
13. Бил Бредли, Принстон
14. Лери Џонсон, УНВЛ
15. Лери Брд, Индијана Стејт
16. Боб Харли, Дјук
17. (Х)Аким Олајџуван, Хјустон
18. Гаил Гудриџ, УЦЛА
19. Елџин Бејлор, Сиетел
20. Глен Рајс, Мичиген
0 comments:
Post a Comment