Home » , » Агентот на Леброн Џејмс пробува да го врати Џејмс назад во Кливленд

Агентот на Леброн Џејмс пробува да го врати Џејмс назад во Кливленд

Written By Anonymous on 2.2.13 | 16:44


Агентот на Џејмс, а воедно и негов пријател од најраното детство, Рич Пол, е роден и израснат во Кливленд исто како и Џејмс. 

Можеби тоа е главната причина поради која тој се труди и веќе две години раскажува за своите намери да го врати еден од најдобрите играчи на денешницата назад во родниот Кливленд.

Џејмс би го прифатил овој повик за враќање дома, но за разлика од ситуацијата кога тој заминуваше, овој пат се зависи од раководството на Кливленд. Иако имаше информации дека Рич Пол разговарал со раководството на Кливленд, на разговорот главна тема било потпишување на нов договор со Тристан Томпсон (кој е исто така клиент на агенцијата на Пол) , но биле разменети и неколку зборови околу враќањето на Џејмс во Кливленд.

Еден близок пријател на Џејмс го изјави следново:

“Рајли и Мајами никогаш не му го пружија она што Кливленд му го пружи на Џејмс. Тој едноставно беше херојот на градот и не би било чудно да го видиме повторно назад во родниот град. А голем профит од тоа би направиле и неговите менаџери кои ќе ги добијат заслугите за тој трансфер.“

0 comments:

Post a Comment