Home » , » Пол Пирс: “Кариерата сакам да ја завршам во дресот на Селтикси“

Пол Пирс: “Кариерата сакам да ја завршам во дресот на Селтикси“

Written By Anonymous on 2.2.13 | 16:49


Со повредата на еден од најдобрите плејмејкери во лигата, Ражон Рондо, Селтикси останаа без својот лидер на паркетот кој донесуваше клучни одлуки, даваше клучни асистенции а во последно време погодуваше и вашни шутеви.

Животот без Рондо ќе биде тежок, за тоа се свесни и во таборот на Бостон и сите од играчите ќе мораат да го пружат својот максимум, ако не и повеќе од тоа ако сакаат да останат во трката со најдобрите тимови од Источната конференција.

Пол Пирс би требал да се покаже меѓу најефикасните во тимот моментално. Пол е икона на тимот, човек кој целата своја кариера ја посвети на зелениот дрес. Ја освои титулата “НБА шампион“ и беше МВП во финалето, а со тоа може да кажеме дека после Лери Брд, Пирс е играч кој е во Бостон 14 години и го освои срцето на секој фан на Бостон.

“Многу добро ја знаете мојата ситуација... Јас својата кариера сакам да ја завршам тука во Бостон, во дресот на Селтикси. Тоа е моја долгогодишна желба. Сепак тоа не зависи само од мене. Организацијата е на прво место, тие донесуваат одлуки, но јас имам право да ги изразам своите чувства и желби“. - изјави Пол Пирс.

0 comments:

Post a Comment