Home » , » Џереми Лин: “Заслужено го пропуштам Ол Стар натпреварот“

Џереми Лин: “Заслужено го пропуштам Ол Стар натпреварот“

Written By Anonymous on 3.2.13 | 17:33


Плејмејкерот на Хјустон Рокетс, Џереми Лин, изјави дека не сака да му замерува никого, па дури ни самиот себе, затоа што не игра на Ол Стар. По прикзните кој се појавија во средината на јануари, додека траеше гласањето за Ол Стар натпреварот, Лин неодамна призна дека не заслужува место на тој ревијален натпревар.

Одредени се сите учесници за Ол Стар натпреварот во Хјустон, а Џереми Лин не е во составот на Западот. Ја загуби трката со гласовите, на крајот заостануваше 46.000 гласови зад второпласираниот Тони Паркер. Стартен плејмејкер ќе биде Крис Пол.

Џереми Лин, минатогодишниот прекуноќен феномен, до заклучувањето на гласањето за Ол Старот, бележеше 12.3 поени со 6.3 асистенции по натпревар, со солиден шут од 43% од поле.

“Моментално не размислувам за Ол Старот, искрено, сконцентриран сум на тимот. Да играв  на тој натпревар би рекол добро, но знам дека можам и многу подобро од ова, знам дека можам многу подобро да се покажам, како што играв на почетокот“,

вели Лин. Се стекнува впечаток дека прогнозите за настапот на Линсенити на Ол Старот почнаа по што Шекил О’Нил изјави во сопствената емисија за победата на Јао Минг на гласовите за стартер на Ол Старот во 2003 година. Јао беше стартер тогаш благодарејќи им на гласовите од сјајните фанови од Кинга, иако бележеше по 13.5 поени по натпревар во однос на 27.3 од Шек од таа сезона.

Родителите на Лин се емигранти од Тајван, па се прогнозираше дека азиската армија на фанови може да му помогне на Лин да биде Ол Стар оваа сезона, како што беше Минг во 2003. година. Меѓутоа, до тоа не дојде.

0 comments:

Post a Comment