Home » , » Гарнет го престигна Шек

Гарнет го престигна Шек

Written By Anonymous on 2.2.13 | 19:20


Во победата на Бостон над Орландо вчера вечерта (97-84), Кевин Гарнет имаше 14 поени и 10 скока. Тоа му беше 728. дабл-дабл учинок во кариерата, и на тој начин го престигна Шек на вечната листа на остварени дабл-дабл учиноци во НБА лигата.

Најмногу дабл-дабл учиноци низ кариерата има остварно Карл Малоун (811), а потоа следи Тим Данкан (751).

Гарнет е избран како 5. пик на драфтот во 1995. година од страна на Минесота, а шампионскиот прстен го освои со Бостон во 2008. година. Во 2004. година беше МВП на лигата.

Оваа година по 15. пат ќе учествува на Ол Стар натпреварот. Четири пати е избран во идеалниот тим на лигата, а дури девет пати во најдобриот дефанзивен НБА тим.

Најдобар скокач на сезоната е биден четири пати по ред.

0 comments:

Post a Comment