Home » , » Раководството на Селтикси вчера се сретна со Оден за потенцијално потпишување на договор

Раководството на Селтикси вчера се сретна со Оден за потенцијално потпишување на договор

Written By Anonymous on 3.2.13 | 18:07


Бостон Селтикси вчера се сретнаа со слободниот играч Грег Оден. Главно на состанокот се зборувало за потпишување на договор за следната сезона, според зборовите на Дени Ејнџ.

Грег Оден веќе подолго време изразува желба за враќање во НБА лигата, а многу тимови искажа желба да го видат во своите редови. Засега тој е сретнат само со челниците на Бостон, но се очекува да се сретне и со уште неколку раководства на други тимови.

Главно, се зборувало за потпишување на договор со играчот и првиот пик од 2007. година кој поради повреда прерано замина во пензија.

Сан Антонио, Њу Орлеанс, Мајами Хит, Кливленд Кавалирс, Индијана Пејсерс и Далас Маверикс исто така се заинтересирани за Оден и ја следат неговата рехабилитација.

0 comments:

Post a Comment