Home » , » Џејмс и Паркер избрани за најдобри играчи во Јануари

Џејмс и Паркер избрани за најдобри играчи во Јануари

Written By Anonymous on 2.2.13 | 16:55


ЛеБрон Џејмс од Мајами и Тони Паркер од Сан Антони се прогласени за најдобри играчи во НБА лигата за месец јануар.

ЛеБрон оваа награда ја доби по трет пат оваа година, по што бележеше 27.0 поени по натпревар со неверојатни 55.5 % шут од поле. Освен тоа, ѕвездата на Хит имаше и 7.2 асистенции и 8.1 скок по натпревар.

Паркер имаше 21.9 поени по натпревар, но покрај тоа имаше уште подобар процент на шут од игра, погодувајќи дури 56.3%. Освен тоа имаше по 7.9 успешни додавања, додека Спарси имаа рекорд од 12-3 во јануари.

0 comments:

Post a Comment