Home » , » Коби Брајант ја завршува сезоната поради повреда?

Коби Брајант ја завршува сезоната поради повреда?

Written By Unknown on 13.4.13 | 10:45

ЛА Лејкерс синоќа заработаа тешка и важна победа од 118-116 против Голден Стејт Вориорс, но во тој процес го изгубија нивниот најдобар играч. 

Коби Брајант се повреди на 3 минути до крајот на натпреварот и пред да го напушти теренот клицкајќи, тој ги погоди двете слободни фрлања за да го израмни резултатот на 109.

Тимските доктори на Лејкерс велат дека Коби најверојатно ги искинал лигаментите на ахиловата пета, но магнетната снимка која што е закажана за денеска треба да потврди за што всушност станува збор.

Брајант се појави и на интервјуто после победата на Лејкерс и говореше со солзи во очите, факт што не тера да мислиме дека оваа сезона за него најверојатно е завршена по оваа повреда. 

Со оваа победа над Голден Стејт, Лејкерси остануваат на осмата позиција со рекорд од 43-37, но бидејќи и Јута славеше над Минесота и "џезерите" остануваат во трка за последната плејоф позиција, само 1 натпревар позади Лејкерс.

0 comments:

Post a Comment