Home » , » Кармело Ентони и Никола Пековиќ избрани за играчи на неделата

Кармело Ентони и Никола Пековиќ избрани за играчи на неделата

Written By Unknown on 8.4.13 | 21:14

Кармело Ентони и Никола Пековиќ беа избрани за најдобри играчи во источната, односно западната конфернеција, за натпреварите одиграни од 1ви до 7ми Април.

Ентони е главниот човек во Њу Јорк, предводејќи ги своите Никси до недела од 4 победи и ниту еден пораз, со што тие ја продолжија победничката серија на 12 последователни победи. Во просек Мело постигнуваше 41.8 поени и го израмни рекордот на Бернанд Кинг од 3 последователни натпревари со 40+ поени во франшизата на Њу Јорк. Тој го израмни личниот рекорд и воедно постигна најмногу поени оваа сезона во победата против Мајами Хит на 2ри Април со 50 поени. Имаше и два последователни дабл-дабл учиноци со 41 поен и 14 скока против Милвоки и со 36 поени и 12 скока против Оклахома Сити Тандер. 

Пековиќ ги предводеше своите соиграчи од Минесота до недела од 3 победи и 1 пораз, во која што постигнуваше по 25.0 поени и 8.5 скока, додека реализираше 58% од поле. Популарниот "Пекмен" беше најдобар стрелец за Тимбервулфс во сите натпревари, додека имаше најмногу скокови во 3 од тие 4 натпревари. Натпреварот со 20 поени и 13 скока во победата над Детроит од 107-101 значеше победа број 1000 за неговиот тренер Рик Аделман.

Други номинации за оваа награда беа: Дерон Вилијамс, Карлос Бузер, Кори Бруер, Рој Хиберт, Мајк Конли, Кевин Дурент и Расел Вестбрук.

0 comments:

Post a Comment