Home » , » Дејмиан Лилард: “Ќе станам Ол Стар играч и МВП“

Дејмиан Лилард: “Ќе станам Ол Стар играч и МВП“

Written By Anonymous on 3.4.13 | 20:15


Наградата за руки на годината практично е во рацете на Дејмиан Лилард (22), плејмејкерот на Портланд Траил Блејзерси. Овој човек очигледно нема проблем со самодовербата гледајќи дека е уверен дека во најкраток временски период ќе стане Ол Стар играч, но и МВП.

Одличниот кошаркар од тимот наречен и “RIP City“ и шестиот пик на минатогодишниот НБА драфт во минатиот натпревар постави нов НБА рекорд по бројот на дадени тројки во една сезона од еден руки играч. Меѓутоа, тој нема намера да запре на оваа дебитантска сезона, туку во наредната да покаже повеќе од она што го знае и умее.

“Навистина ми е мило затоа што сум успешен во својата прва НБА сезона. Чувствувам дека имам доволно сила и знаење да влезам во идеалниот тим од НБА лигата. Мислам дека можам да бидам Ол Стар играч. Верувам во себе, верувам дека можам да бидам и МВП“ - вели Лилард.

А потоа и продолжува:

“Тоа е мое мислење. Знам дека планирам да работам напорно и повеќе од сега. Знам што сакам да станам. Чувстувам дека вратата ми е отворена и дека се е можно. Секако не мислам дека заслужувам повеќе од тоа. Тоа не сакам да го кажам. Сакав да кажам дека имам зацртано вакви цели“ - вели Лилард.

Рукито оваа сезона просечно постигнува по 19.0 поени и 6.5 асистенции.

“Она што е сигурно е тоа што нема да се форсирам. Нема следната сезона да бидам себичен и да докажувам дека можам да бидам МВП. Ќе бидам ист како и сега, но ќе напредувам. Верувам дека напорната работа ќе ме донесе до точката која што сакам да бидам - а тоа е да бидам подобар играч од ова што сум сега“ - вели младиот Лилард.

0 comments:

Post a Comment