Денес, Оклахома ги дочекува Никси, кој се предводени од моментално вториот најдобар стрелец во сезонава, Кармело Ентони. Сепак, разликата помеѓу 28.4 поени во просек на Дурент и 28.3 на Мело е минамална, па веројатно овој натпевар веројатно ќе биде интересен за статистичарите.
“Што се однесува до мене, Кармело нека ја освои титулата. Работите кои моментално ги прави се неверојатни, секогаш кога ше шутне се чини дека топката ќе влезе низ обрачот. Има неверојатна низа, а и самодовербата му е на високо ниво“ - вели Дурент.
4та титула по ред за најдобар стрелец на Дурент би го сместилна на две многу елитни места. Прво, би им се придружил на Мајкл Џордан и Вилт Чемберлејн како единствен играч со 4 вакви титули по ред, а второ би станал единствен играч кој би ја освоил оваа награда, а во иста сезона да биде член на елитен шутерски клуб 50-40-90 (барем 50% шут од поле, 40% за три поени и 90% од линијата за слободни фрлања). Не изгледа лошо, така?
“Немојте да ме сфатите погрешно, не ги земам и не ги сфаќам работите здраво за готово. Сепак, морам да нагласам дека ќе ја играм мојата игра, ако додатната награда дојде, нека дојде. Тимските успеси се секогаш на прво ниво“ - нагласува Дурент.
Ентони само во последните три натпревари просекот го подигна од 27.5 поени на 28.3 поени. Како што сме пред самиот крај на сезоната, доколку сака да ја освои наградата ќе мора да продолжи да игра вака. Со постигнувањето по ред 50, 40 и 41 поени, стана првиот играч на Никс по Бернард Кинг кој постигнал на 3 натпревари по ред +40 поени. Јасно е, ова е најимпресивна низа во текот на целата сезона.
Останува да видиме кој ќе се закити со оваа награда...
0 comments:
Post a Comment