Home » , » Кевин Гарнет: “Како што сум постар, така сум и подобар“

Кевин Гарнет: “Како што сум постар, така сум и подобар“

Written By Anonymous on 7.4.13 | 18:12


Искусниот крилен центар на Бостон, Кевин Гарнет (36) не играше на последните неколку натпревари поради повреда на ногата. Сепак, како што вели, неговата здравствена состојба е се подобра и подобра. Тој додаде дека се што повеќе старее дека се чувствува се појак и појак и дека е во добра форма.

Дури, и да немаше проблеми со ногата, одморот добро би му дошол на искусниот ветеран во таборот на Зелените.

“Јасно им е на сите дека ми прилега одморот. Имав можност да одам на разноразни третмани за ногата. Се чувствувам се подобро. Сепак, имам уште одредени проблеми. Можам нормално да се движам, но не можам да трчам во полно темпо“ - вели Гарнет.

Искусниот кошаркар нагласува дека се чувствува многу снажно:

“Секој се соочува со некои болести во животот. Јас не сум поинаков од сите луѓе на светот. Јасно е дека сум постар и дека потешко се опоравувам од повредите. Меѓутоа, станувам се појак и појак. Успеав да се опоравам од некои повреди кои стално ме прогонуваа. Остана уште ова прашање со ногата“ - вели Кеј Џи.



0 comments:

Post a Comment