Home » , » Коби Брајант: “Уморен сум, но морам да играм“

Коби Брајант: “Уморен сум, но морам да играм“

Written By Anonymous on 7.4.13 | 12:29


Бекот на Л.А Лејкерси Коби Брајант изјави дека и натаму чувствува последици од повредата на глуждот. Но, и покрај тоа, тој нема намера да одмара и да прескокнува некои натпревари на својот тим.

Ѕвездата на Лејкерси, неодамна се повреди на натпреварот против Атланта. Пропушти неколку натпревари, но се врати на паркетот.

“По натпреварот, не чувствувам никаква болка, меѓутоа, потоа почнува да ме боли“ - вели Брајант.

Вчера против Мемфис изигра солиден натпревар од 24 поени донесувајќи му победа на својот тим со резултат од 86-84.

“Играта на нашите центари е клучна за Лејкерси. Не можеме без нив. Најважно е да се одмориме за плејофот. Имаме добра позиција моментално, се ни оди од рака. Но, многу сме уморни. Јас сум уморен. Во плејофот се играат натпревари со најјаките противници и нема поента тие натпревари да ги играме уморни“ - објаснува Брајант.

0 comments:

Post a Comment