Home » , » Гери Пејтон од понеделник во Куќата на Славните

Гери Пејтон од понеделник во Куќата на Славните

Written By Anonymous on 5.4.13 | 19:28


Поранешниот плејмејкер на Сиетел Супер Соникс, Гери Пејтон во понеделник офијално ќе стане нов член на Куќата на Славните, во Спрингфилд.

Најголемата слава Пејтон ја стекна како играч на Соникси. Пејтон исто така играше и за Бакси, Лејкерси и Селтикси, пред да одлучи да ја заврши кариерата во Мајами Хит, по освојувањето на титулата во 2006. година. Дефанзивецот познат и по прекарот “The Glove“ (ракавица) е иманеуван 9 пати во најдобриот дефанзивен тим, а одигра и 9 Ол Стар натпревари.

Пејтон е роден на 23. јули 1968 година, играше на колеџот Орегон, а во НБА лигата стгина преку драфтот од 1990. година, каде беше одбран како 2. пик од страна на Соникси. Кариерата ја заврши со 16.3 поени, 6.7 асистенции и 1.8 украдени топки по натпревар. Настапуваше за репрезентацијата на САД на ОИ во 1996. година во Атланта и во 2000. година во Сиднеј.

0 comments:

Post a Comment