Home » , » ЛеБрон Џејмс и Кевин Дурент именувани за играчи на месец март

ЛеБрон Џејмс и Кевин Дурент именувани за играчи на месец март

Written By Anonymous on 6.4.13 | 11:07

По што ги дознавме најдобрите тренери за месец март, НБА лигата објави и кои двајца играчи ги одбележаа своите конференции во текот на изминатиот месец. Станува збор за ЛеБрон Џејмс и Кевин Дурент.


Џејмс и петти месец по ред ја освојува наградата за најдобар играч на Истокот што значи дека ја освојува оваа награда во секој месечен период од стартот на НБА лигата. Тој ги предводеше Мајами Хит до рекорд од 17-1 во текот на третиот месец. 17 победи во еден месец е и нов рекорд во НБА лигата.

Покрај тоа, тимот на Мајами во тој период ја оствари втората најдолга низа во историјата на НБА лигата, и застанаа на 27 победи во низа по што загубија од Чикаго Булс. ЛеБрон цело време шутираше преку 53% од поле, просечно бележеше 25.8 поени, 8.2 скока и 7.4 асистенции. Во 14 натпревари даде преку 20 поени, а во 13 шутираше над 50% од поле.

Од другата страна, Кеј-Ди во текот на март забележа 12 победи и 5 порази со Тандер. Тој даваше просечно по 27.6 поени, со што ја предводеше лигата. Покрај тоа бележеше 8.5 скока и 3.8 асистенции со шут од игра 48% и 90% од линијата за слободни фрлања.

Во борбата за 4 титула за најдобар стрелец, Дурент 16 пати даде над 20 поени, а на 7 натпревари одеше преку 30. Во текот на тој месец бележеше и рекорд на кариерата од 4.4 асистенции. На 7 натпревари минимално имаше 5 асистенции. На 8 натпревари блокираше минимално 2 шута.

0 comments:

Post a Comment