Суперѕвездата на Мајами Хит, ЛеБрон Џејмс изјави дека би бил поласкан доколку по 4 пат би ја освоил наградата за најкорисен играч во регуларната сезона од НБА лигата. Доколку тоа му пројде од рака, ЛеБрон ќе влезе во историјата како петти играч кој во кариерата успеал да стигне до 4 МВП признанија.
До сега, четири или повеќе МВП титули освојувале Карим Абдул-Џабар (6), Мајкл Џордан, Бил Расел (5) и Вилт Чемберлејн (4). ЛеБрон со евентуалната МВП титула би станал дури 5. играч во историјата на НБА лигата кој би имал 4 трофеи наменети за најкорисен играч во регуларната сезона.
“Било кога кога некој ќе ме вметне или ќе ме спомене меѓу легендите на НБА лигата, тоа за мене е нешто посебно. Навистина. Јас пораснав гледајќи ги некои од тие играчи, а многу од нив ми користеа и како мотивација во младите денови. Ја пронаоѓав инспирацијата гледајќи ги најголемите играчи кои играле во НБА лигата“ - објаснува Џејмс.
ЛеБрон има добра шанса да влезе во историјата гледајќи дека е главен кандидат за оваа награда со Кевин Дурент и Кармело Ентони.
“Среќен сум што имам можност за такво нешто. Тоа е неверојатна чест. Знам од каде потекнувам, од малиот град Акрон од Охајо, и знам што изградив во текот на изминатите години. Морам да напоменам дека не сум сам заслужен за тоа, големо влијание имаа и моите соиграчи и тренери со кои работев пред моето доаѓање во НБА лигата. Со нивна помош стигнав овде.“ - нагласува популарниот “Крал“ Џејмс.
Сепак, тој остава простор и за тоа ако ситуацијата се промени и да не го добие признанието за најкорисен играч.
“Сепак, треба да бидам реален, има уште доволно време за ситуацијата да се сврти. Сепак, доколку бидам прогласен за МВП, ќе бидам неверојатно поласкан, бидејќи ќе бидам благословен да се најдам меѓу такви легенди“ - заврши Џејмс.
0 comments:
Post a Comment