Откако заврши победничката серија, Мајами веќе нема особена причина зошто да игра. Го заклучија првото место во источната конференција, имаат водство од 3.5 натпревари пред Сан Антонио за најдобриот рекорд во лигата и се што им е важно е да останат здрави и да се спремаат за вториот дел од сезоната.
Па, поради овие неколку причини, не го очекувајте Двејн Вејд се до стартот на плејофот. Имаше проблеми со коленото, но пропушти 6 од последните 8 натпревари на Мајами, а нема ни причина да се врши притисок врз него па тој очекува да паузира уште малку, како што пренесува „ESPN“.
“Најважната работа е да бидам 100 проценти здрав. Кога тоа ќе го почувствувам, тогаш ќе се вратам на терените. Очигледно, сакам да играм, но мора да се осигурам дали сум во право.“ - изјави Двејн Вејд.Коленото на Вејд почна да го мачи уште кога се судри колено-со-колено со противничкиот играч од Орландо на 6ти Март. Мајами нема да ризикува и најверојатно ќе ја одмара нивната ѕвезда се до првата рунда од плејофот, каде што ќе се сретнат со Милвоки Бакс.
0 comments:
Post a Comment