Home » , » Том Тибодо: “Дерик Роуз постапи правилно“

Том Тибодо: “Дерик Роуз постапи правилно“

Written By Anonymous on 19.5.13 | 13:18

Тренерот на Чикаго Булс Том Тибодо уште еднаш го одведе лимитираниот и повредениот тим до максимум. Булси во првиот круг од плејофот ги исфрлија Нетси по дури 7 натпревари, за да во вториот круг да бидат немоќни против Мајами и покрај водството што го имаа од 1-0.

Дерик Роуз, иако не играше, беше во центарот на вниманието што се однесува на тимот на Булси. Да се потсетиме, Роуз во првиот круг од ланскиот плејоф против Филаделфија ги скина предните лигаменти на коленото, а се опоравува година дена.

Делот од кошаркарската јавност, па дури и навивачите на Булс се изненадија од тоа колкав е рокот на опоравување на Роуз. Но, тренерот на Булси ги демантираше сите.

“Тој никогаш не ја досигна сигурноста која ќе му дозволеше да игра, така да донесе правилна одлука. Цело време беше нервозен затоа што не игра, а таквиот став ќе го следи низ целото лето, а за следнат сезона ќе биде спремен сто посто“ - вели Тибодо.

0 comments:

Post a Comment