Home » , » Тим Данкан: “Тоа што следи ќе биде многу ’грдо’!“

Тим Данкан: “Тоа што следи ќе биде многу ’грдо’!“

Written By Anonymous on 19.5.13 | 13:26

Двете конференциски финалиња се веќе познати. Во финалето на Западот ќе играат играчите на Спарси против играчи на Мемфис, а предност на домашен паркет имаат “Мамузите“.

Но, го имаа и пред две години. Во првиот круг кога Сан Антонио беше најдобар тим на Западот, а требаа да се сретнат со 8. пласираниот Мемфис. Спарси беа шокирани, загубија со 4-2.

“Како да не се сеќавам на тоа и ден денес. Бевме, признавам, преморени, а тие не спуштија на земја. Го почитуваме тој тим, одлични се, многу добро го знаеме тоа“ - вели Тим Данкан, искусниот центар на Спарс кој и оваа сезона и покрај годините игра одлично.

“Ќе биде грдо, што да ви кажам друго. Тие се одбрамбено гледано многу добар тим, можеби и најдобар во лигата. Ние можеме да бидеме добри. Не чека борба, ќе биде тврдо до крајот. И ние и тие имаме одлични тренери, вистински скаутинг, кошаркаски размислуваме слично и исправно. Ќе биде напнато“ - продолжи Данкан.

Иначе, Данкан оваа сезона во плејофот нема “мир“. Имаше тешки противници на теренот - прво Гасол и Хауард (Лејкерс) и Богут, Лендри и Ли (Вориорс). Но, новите противници - Марк Гасол и Зек Рендолф ќе бидат најголем презивик.

“Точно, јаки се на центарските позиции, но јаки се и во другите позиции. Ќе биде, повторувам жестоко затоа што се бориме за голема цел и ќе се бориме веројатно да самиот крај“ - заврши Данкан.

0 comments:

Post a Comment