Меѓутоа, на големо разочарување на бројни љубители на најтрофејниот НБА тим, тоа не се случи. Како што е познато, Дени Ејнџ го започна процесот на одново градење на тимот, а искусното трио Пирс, Гарнет и Тери беа испратени во Нетси.
Меѓутоа фактот дека неговиот сакан клуб се одрече од него и дека наредната сезона ќе ја почне сосема во нова средина, нема да го угасне страстот за кошарка во Пол Пирс. Напротив, искусниот кошаркар вели дека има сеуште гориво во резервоарот и дека планира да игра уште 10 сезони.
“Кој рече дека мојата кариера е готово? Јас планирам да играм уште 10 години“ - во свој стил порача легендарниот Пол Пирс.
Колку се вистинити зборовите на Пирс е веќе друго прашање. Меѓутоа, она што е сосема извесно, е дека овој човек е желен за успех. Од челниците на својот бивш клуб бараше само едно: да биде трејдуван во тим кој има шампионски амбиции.
Доведувањето на искусното трио од Бостон со староседелците Џо Џонсон, Брук Лопез и Дерон Вилијамс ги направи Нетси кандидати за титулата.
Дали Пирс користеше метафори во своите зборово, не е познато, но она што е познато е дека најдобриот стрелец во историјата на НБА лигата Карим Абдул-Џабар играше до својата 42 година. До 42 играше и Дикембе Моутомбо, додека пак Кевин Вилс остана во НБА до својот 44 роденден.
Колку ќе остане Пирс, ќе покаже времето. Она што се знае е дека минатата сезона просечно постигнуваше по 18.6 поени, фаќаше по 6.3 скока и делеше по 4.8 асистенции. Повеќе од тоа управата од Бруклин не може да очекува...
0 comments:
Post a Comment