Home » , » Ендру Бајнам ги одбра Кавси, Џош Смит потпиша за Пистонс

Ендру Бајнам ги одбра Кавси, Џош Смит потпиша за Пистонс

Written By Anonymous on 11.7.13 | 13:49


Од најновите вести од преводниот рок на НБА, најважни се тие дека Ендру Бајнам потпиша за Кливленд Кавалирс, и дека Џош Смит го засили тимот на Пистонс.

Повеќе американски медиуми во средата навечер известуваа дека поранешниот центар на Лејкерси, кој минатата сезона не изигра ниту еден натпревар за Филаделфија поради хронични проблеми со коленото, се одлучи да потпише за Кавалирс. Наводно, ќе потпише 2 - годишен договор вреден 24 милиони. Само 6 милиони од овој договор се загарантирани, а остнатите ќе дојдат доколку Бајнам ги исполни условите од договорот.

Предминатата сезона во Лејкерси Бајнам докажа дека е еден од најдобрите центри на денешницата. Останува прашањето дали може да остане здрав цела сезона и повторно да заигра како порано.

Големо зајакнување доби и тимот на Пистонс - Џош Смит со кој потпиша 4 - годишен договор. Џош Смит лани за Атланта беше на просеци од 17.5 поени, 8.4 скока и 3.8 асистенции.

0 comments:

Post a Comment