#15 Забивања!
- Низ кариерата Мајкл Џордан забил повеќе од 2000 пати. Тоа се по 2 забивања по натпревар.
#14 Приватен живот
- Мајкл Џордан беше оженет со Хуанита Ваној со која имаше три деца. Сите три деца се родени во месец декември.
#13 Секогаш победник?
- Не баш. Со Вашингтон Визардс одигра една сезона, а тимот не влезе во плејофот. Сепак, беше убаво да се види повторно Џордан на паркетот.
#12 Хоби
- Едно од најголемите хобија во животот на Џордан беше голфот, особено по пензионирањето. Во еден ден одиграл 63 натпревари.
#11 Стравови
- Дури и најголемите имаат свои стравови. Џордан како мал се плашел од вода. Никогаш не сакал да плива.
#10 Дресот со број 12
- Во раните 90' години неговиот дрес беше украден веднаш пред почетокот на натпреварот со Орландо. Мајкл на тој натпревар мораше да го носи дрес со број 12.
#9 Мулти-талент?
- Мајкл Џордан се одлучи да земе одмор од кошарката и да си ја проба среќата во бејзболото. Неговата кариера како бејзбол играч не беше многу славна и Џордан повторно и се врати на вистинската љубов, на кошарката.
#8 Број на дресот
- Како дете сакаше да го носи бројот 45, но тој број беше зафатен од неговиот брат, па тој се реши да го носи дресот со број 23. Пола од 45.
#7 Соништа
- Мајкл Џордан отсекогаш сакал да игра 1-на-1 против легендата на Лејкерси, Џери Вест.
#6 Повреда на ногата
Повредата во неговата втора сезона го принуди Мајкл да пропушти 60 натпревари во низа. Сепак, тој се врати во плејофот појак од секогаш и постигна 63 поени против Лери Брд и Селтикси. Тоа и ден денес е најголем број на поени од еден играч во плејофот.
#5 Масата со 32.292 дупки
- За да ги памти поените кои ги постигнал во НБА лигата, Мајкл Џордан направи специјална маса со 32.292 дупки, бројот на поени кои го постигна во НБА лигата.
#4 Карактеристика со јазикот
- Еден од неговите најпознати потези е кога при забивање го ваѓаше својот јазик. Ова подоцна стана ритуал во филмот “Cars“.
#3 Импресивни бројки
- Низ кариерата Џордан постигна 32.922 поени, 6.672 скокови и 5.633 асистенции.
#2 Изненадување
- На драфтот во 1984. година Мајкл Џордан не беше избран како прв пик. Рокетси како прв го одбраа Аким Олјаџуван, а Блејзерси втор го одбраа Сем Боуви. Трет беше Џордан од страна на Булс.
#1 Под шорцевите
- За среќа Мајкл Џордан секогаш ги носеше шорцевите на Северна Каролина под шорцевите на Булс. Можеби тие му беа тајната за неговите неверојатни потези.
0 comments:
Post a Comment