Home » , » Пол Пирс, Кевин Гарнет и Џејсон Тери претставени како играчи на Бруклин

Пол Пирс, Кевин Гарнет и Џејсон Тери претставени како играчи на Бруклин

Written By Anonymous on 19.7.13 | 14:51

Тимот на Бруклин Нетс и официјално ги доби Кеј-Џи, Пирс и Тери. Составот на Нетс можеби е стар како “Библија“, но затоа во него, има повеќе идни членови на “Куќата на Славните“ отколку што има во цела НБА лига.

Секако, најзвучни засилувања на овој тим се 35 - годишниот Пол Пирс и 37 - годишниот Кевин Гарнет. Тактиката на клубот кој ќе го раковоти Џејсон Кид е прилична јасна: следната сезона за Нетси е се или ништо. Ако се прашува Кеј-Џи тогаш тој го сака она “се“.

“Многу е важен фактот за мене дека заедно со мене од Бостон пристигнаа Тери и Пирс. Јасно ми е дека доживувам промена и дека имав клаузула според која можев да го стопирам трејдот, но тоа што овие двајца играчи се со мене одигра важна улога во одлуката. Меѓутоа, искрено верувам дека оваа промена е добра. Се советував со пријатели и семејството и не брзав. Размислував за играње уште, за одење во пензија и останување во Бостон. Сепак, мислам дека ја донесов вистинската одлука“ - вели Гарнет.
По што управата на Бостон тргна кон реконструкција на тимот многу навивачи беа лути на Дени Ејнџ поради ваквиот потег. Меѓутоа, против таквата одлука беше поранешниот капитен на “Келтите“, Пол Пирс.

“Луѓето се масовно лути на Ејнџ. А, за такво нешто немаат причина. Да сум јас Дени, би го трејдувал Пол Пирс. Тоа е вистински потег на Селтикси. Но, повеќе не сум играч на Селтикси. Сега сум играч на Нетс. И веќе почнав да го истражувам градот, намерувам да оставам длабока трага во овој тим.“ - вели Пирс.

Неговиот поранешен и секогашен колега Кеј-Џи додаде:

“Не знам дали постојат луѓе кои сакаат промени. Но, тие во животот мора да се случуваат за работите да бидат подобри.“ 
Здраво Бруклин:

0 comments:

Post a Comment