Home » , » Шарлот од 2014. година го враќа стариот надимак - Хорнетс

Шарлот од 2014. година го враќа стариот надимак - Хорнетс

Written By Anonymous on 19.7.13 | 14:38

Управниот одбор на НБА лигата го одобри барањето за промена на надимакот кој го предложи тимот на Шарлот Бобкетс. Од сезоната 2014-15 кошаркарскиот тим од Северна Каролина повторно ќе се вика Шарлот Хорнетс.

По тоа име тимот на Шарлот влезе во НБА лигата во 1988. година, а потоа во 2002. година заедно со името, се пресели во Њу Орлеанс.

Тимот на Њу Орлеанс нема ништо заедничко со стршлените ниту пак со сојузната држава Луизијана, па минатата сезона Њу Орлеанс прати барање до НБА лигата за сменување на надимакот од Хорнетс во Пеликанс.

Новонаправените околности му озмовожија на актуелниот клуб од Шарлот, формиран по драфтот во 2004. година, да си го врати некогашното име.

“Возбудени сме поради враќањето на Хорнетси во Шарлот и Северна Каролина“ - изјави сопственикот на тимот, Мајкл Џордан.

0 comments:

Post a Comment