Двајт им го сврте грбот на Лејекрси и го појача тимот на Хјустон со кој ќе се обиде да изигра подобро отколку што играше во Лејкерс. Американските медиуми, покрај неговото заминување од Л.А. пишуваа и за тоа кој е главна причина поради заминувањето, а како главна причина се наведува неслагањето со Коби Брајант, односно, Хауард наводно барал статус на прва ѕвезда во тимот.
Се пишуваше, дека им поставил ултиматум на челниците од Лос Анџелес кој во преведена смисла би значел “Или Коби или јас“. Но, неколку дена после сето тоа, Двајт проговори:
“Не, не заминав поради Коби, со кој е навистина тешко да се игра во ист тим“ - рече Хауард и продолжи во исто темпо:
“Но, Коби нема никаква врска со моето заминување. Едноставно проценив дека заминувањето во Хјустон би била подобра опција за мојата кариера. Со Коби не беше секогаш лесно, иако имавме неколку добри моменти.“ - истакнува Двајт.
А, потоа ја доопиша врската со Брајант:
“Па, сите знаеме дека со Коби тешко може да се игра во ист тим. Тој ужива во постигнувањето на поени, и секако дека во Хјустон ќе ја добивам повеќе топката отколку што ја добивав во Лејкерс. Но, да повторан, воопшто не сакам да гледам како Коби игра и ништо не сакам да слушам во врска со него. Концентриран сум на себе и одлучив дека е најпаметно да одам и да ја прифатам понудата од Хјустон. Се надевам дека не грешам.“ - заврши Хауард.
0 comments:
Post a Comment