Home » , » Индијана го задржува Дејвид Вест

Индијана го задржува Дејвид Вест

Written By Unknown on 3.7.13 | 14:00

Индијана Пејсерс се одлучија да го задржат Дејвид Вест, со тоа што му понудија 3-годишен договор, вреден 36 милиони долари. Третата година е зависна од одлуката на играчот.

Ова е помалку чуден договор за играч кој ќе има 36 години на крајот на договорот, но сепак спрема играч од типот на Вест кој моментално има 33 години, цената е ферска. Вест беше премногу важен за тимот кој што изминатава сезона беше само еден натпревар раздалечен од големото НБА финале и Пејсерси не смееја да си дозволат да го изгубат. 

Иако Вест влегува во средината на триесеттите години, неговата продукција на теренот е одлична. Голема разлика се забележа во сезоната 2011/12 кога се враќаше од операцијата по скинатите лигаменти, но изминатава сезона тоа се избриша и го видовме оној стариот, "old school" играч во Вест. 

Но по потпушување на овој договор со Вест, повторно се појавува финансиски проблем во таборото на Инди. Сега се лимитирани во таа област и покрај засилување со С.Џ. Вотсон, нивната клупа останува да биде катастрофална. По оваа сезона, ќе биде навистина тешко да се подобри тимот со оваа финансиска ситуација. 

0 comments:

Post a Comment