Home » , » НБА МАКЕДОНИЈА: Лето 2013

НБА МАКЕДОНИЈА: Лето 2013

Written By Anonymous on 11.7.13 | 14:24

Преводниот рок во НБА лигата почна на 1. јули, а оттогаш многубројни играчи пронајдоја нови тимови...

Официјални договори:

Ал Џеферсон ќе потпише со Бобкетс.

Џ.Р. Смит ќе го продолжи договорот со Никси.

Мет Барс и Рајан Холинс ги продолжија договорите со Л.А. Клиперс.

Ал-Фарук Амину го продолжи договорот со Пеликанс на една година.

Крис “Брдмен“ Андерсен го продолжи договорот со Мајами на уште една година.

Дарен Колисон потпиша 2 - годишен договор со Клиперси.

Објавен е трејдот помеѓу Вориорс, Нагетс и Џез. За Вориорс од следната сезона ќе играат Андре Игуадала и Кевин Марфи, во Денвер оди Ренди Фој, а во Јута Андрис Биедринш, Ричард Џеферсон и Брендон Раш.

Џош Смит потпиша договор со Пистонс.

Објавен е трејдот помеѓу Клиперс, Санс и Бакс. Нови играчи на Феникс се Ерик Бледсо и Керон Батлер, во Клиперси одат Џеред Дадли и Џ.Џ. Редик, додека Бакси добиваат идни пикови.

С.Џ. Вотсон потпиша за Индијана.

Дејвид Вест го продолжи договорот со Индијана.

Роберт Сакре го продолжи договорот со Лејкерс.

Ерик Мејнор потпиша договоро со Визардс, како и Герет Темпл.

Дорел Рајт потпиша 2 - годишен договор со Блејзерси

Објавен е трејдот помеѓу Репторс и Никс. Во Њу Јорк доаѓа Андреа Барњани, а во Канада одат Маркус Кемби, Квентин Ричардсон и Стив Новак.

Пол Милсап потпиша договор со Атланта Хокс.

Пабло Приџиони го продолжи договорот со Њу Јорк Никс.

Крис Пол го продолжи договорот со Л.А. Клиперс.

Усмени (неофицијални договори):

Чонси Билапс ќе потпише 2 - годишен договор со Пистонс.

Џеф Тиг договори соработка со Милвоки Бакс.

Ендру Бајнам одбра нов тим - Кливленд.

Грег Стимсма ќе потпише договор со Њу Орлеанс Пеликанс.

Џермејн О'Нил и Тони Далас ќе потпишат со Вориорс.

Ентони Мороу исто така ќе потпише со Пеликанс.

Тајлер Хансброу ги напушта Пејсерси и ќе потпише за Репторс.

Вејн Елингтон договори 2 - годишна соработка со Далас Маверикс.

Луч Ричард Мбах а Моуте е трејдуван од Милвоки во Сакраменто за неколку драфт пикови.

Крис Кејман ќе потпише за Лејкерси, а Вил Бајнам ќе остане во Детроит.

Марис Спејтс следните три сезони ќе ги помине во дресот на Вориорс.

Рајан Холинс останува во Клиперси уште една сезона.

Џ.Џ. Хиксон ќе потпише со Денвер Нагетс.

Карлос Делфино следните три сезони ќе ги помине во Милвоки.

Девин Харис се враќа во Далас.

Карл Лендри кариерата ќе ја продолжи во Сакраменто Кингс.

Шон Ливингстон ќе потпише со Бруклин.

Франциско Гарсија го продолжи договорот со Рокетс на 2 сезони.

Дорел Рајт ќе потпише 2 - годишен договор со Хјустон Рокетс.

Ерл Вотсон ќе премине во Блејзерси.

Заза Пачулија ќе потпише со Бакс.

Џерет Џек ке го засили тимот на Кавалирс.

Бојан Богдановиќ ќе потпише со Бруклин.

Двајт Хауард ќе го засили тимот на Хјустон Рокетс.

ДеМар Керол следните две сезони ќе игра за Хокс.

Мет Барнс останува во Клиперс уште три сезони.

О.Џ. Мејо договори соработка со Милвоки.

Џош МекРобертс го продолжува договорот со Бобкетс на две сезони.

Крис Коупленд ќе потпише договор со Пејсерс.

Ројс Вајт постигна договор со Сиксерс.

Хозе Калдерон ќе потпише со Далас.

Трејд помеѓу Кингси, Пеликанс и Блејзерс. Во Њу Орлеанс ќе се упатат Тајрик Еванс и Џеф Вајти, во Сакраменто Греивиз Васкез, а во Портланд Робин Лопез и Терел Харис.

Марко Белинели се договори со Спарси, ќе потпише 2 -годишен договор.

Пабло Приџиони останува во Никс.

Ерл Кларк следните две сезони ќе игра за Кливленд.

Џилалан Стоун ќе потпише 2 -годишен договор со Репторс.

Кајл Корвер ќе потпише 4-годишен договор со Атланта.

Ману Џинобили ќе го продолжи договорот со Спарси.

Доналд Слоун се договори со Пејсерс.

Кевин Мартин ја напушта Оклахома и ќе потпише со Минесота.

Тони Ален ќе го продолжи договорот со Мемфис.

Тијаго Сплитер останува во Спарс, ќе потпише 4-годишен договор.

Ендру Блеч останува во Нетси уште една сезона.

Мартел Вебстер се согласи на 4 - годишен договор со Визардс.

Булси се договорија со Мајк Данлеави.

Трејд помеѓу Нетси и Селтикси. Пол Пирс, Кеј-Џи и Џејсон Тери одат во Бруклин, а во спротивна насока ќе се упатат Крис Хамфрис, Џералд Валас, Крис Џозеф, МарШон Брукс и Кеит Боганс.

0 comments:

Post a Comment