Home » , » Мајами го амнестираше Мајк Милер

Мајами го амнестираше Мајк Милер

Written By Anonymous on 17.7.13 | 14:44

Мајами Хит, најдобриот тим во последните две сезони, се одлучи да го аменстира специјалистот за 3 - поени, 33 - годишниот Мајк Милер.

Хит со тоа ја искористи амнесивната клаузула во договорот. Милер и Мајами го раскинаа договорот, а Мајами со тоа си зачува 17 милиони долари, но сепак тимот сеуште е должен да му плати на кошаркарот 12.8 милиони долари, кои му беа загарантирани на Милер за следните две сезони.

Пред 13 години Милер се појави на драфтот, а Орландо го зеде како 5. пик. Од почетокот на својата кариера Милер се наметнуваше во клубовите каде што играше како одличен шутер, па таква смисла имаше и во Мајами каде во последните 3 години Мајами играше 3 финалиња по ред.

“Ова беше тешка одлука, затоа што Милер и тоа како му помогна на нашиот тим за да играме 3 пати по ред финале. Му благодариме и него и на неговото семејство. Убаво беше тоа што соработувавме“ - вели Пет Рајли.

0 comments:

Post a Comment